More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 11.03.2022

    spot_img

    На 10.03.2022 околу 16.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од тим од потраги од Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен од слобода е З.Х.(49) од Скопје затоа што се барал за издржување казна затвор за сторено кривично дело казниво по чл.243 од Кривичен законик. Лицето е спроведено до Затвор Скопје за издржување казна затвор.На 10.03.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 45 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 33 во населено место. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.

    На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед на патнички автомобил „фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронашле 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

    На 10.03.2022 во 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(26) од с.Јабланица и патничко моторно возило “ровер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(20) од с.Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “ровер“ О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

    На ден 10.03.2022 година во Полициската станица во Велес, Д.Ѓ (31) од Велес пријави дека на ул.„Благој Ѓорев“, во близина на касарната, бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img