More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 08.03.2022

    spot_img
    На 07.03.2022 во 19.30 часот од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.П.(34) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во  патничко моторно возило “шкода“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на В.В. од Неготино при што одзеле повеќе предмети. Тие биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и кај нив биле пронајдени украдените предмети, како и алат со кој било извршено кривичното дело. Со нив бил извршен службен разговор, во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

    На 07.03.2022 во 20.00 часот на ул.Александар Македонски кај железничката пруга во Градско од страна на полициски службеници од ПК Градско бил лишен од слобода Д.И (22) од Штип. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од паркираните товарни вагони, сопственост на АД „Македонски железници“. Д.И. е приведен во полициска станица и  по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 07.03.2022 година во 11.30 часот на ул.Северен Булевар во Кавадарци од страна на полициски службеници од Полициската станица во Кавадарци биле лишени од слобода А.М (21) и А.О (25) од Кавадарци. Тие се сомничат дека на 23.02.2022 извршиле тешка кражба во хала за производство на контејнери во фирма во Кавадарци.  А.М и А.О се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот ке следи соодветен поднесок.

    Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишија од слобода В.М.(35) од Охрид затоа што на 02.03.2022 во 18.54 часот Е.О.(24) од Скопје пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „Измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик. Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.03.2022 од страна на полициски службеници од СВР Штип бил приведен К.З.(25) од Штип, бидејќи во 20.10 часот на ул.„Рибник“ во Штип при извршениот преглед кај него бил пронајден хероин. Против К.З. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    На 07.03.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 16 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.
    Санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон…

    Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (8 март), дваесетина минути по полноќ, во казино на улица „Илинденска“ во Тетово, во кое била спроведена акциска контрола, го лишиле од слобода А.С.(19) од тетовска Брвеница, кој употребил лажен вакцинален сертификат.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    Вчера (7 март) во 19 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на Сретковски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со гостиварски регоистарски ознаки, управувано од 38-годишниот гостиварец В.Ќ. и „сузуки свифт“ со струшки ознаки, што го управувал 53-годишниот стружанец Р.Х. Во несреќата,  М.Ќ.(63), сопатничка во „аудито“, задобила тешки, а двајцата возачи и малолетен сопатник, исто така од „аудито“, телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

    На 07.03.2022 во 18,55 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници приведен е М.Д.(28) од Р.Албанија кој при пасошка контрола дал на увид албанска патна исправа на име Д.Ф.(28) од Р.Албанија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

    На 08.03.2022 во 00.40 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е И.К.(43) од Скопје затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.03.2022 во 16.05 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ј.А.(38) од с.Лозово, велешко затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.03.2022 во 09.30 часот во Полициската станица Карпош Р.Г.(78) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.

    На 07.03.2022 во 17.45 часот во Полициската станица Аеродром Ѓ.Д.(75) од Скопје, пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

    На 07.03.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ј.Ф.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 14 санкции се изречени на територија на Ресен, 4 санкции на територија на Битола и 11 санкции на територијата на  Прилеп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img