More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 11.02.2022

    spot_img

    На 11.02.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(30) од Велес. Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казна затвор од 7 години и 1 месец. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.

    На 10.02.2022 во 18.45 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на с.Трубарево е лишен од слобода К.М.(27) од скопско. За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

    На 10.02.2022 околу 11.45 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово, со судска наредба, го привеле 27-годишниот тетовец Н.А. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

    На 10.02.2022 во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Џ.(20) од Ресен и М.А.(35) од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во Полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

    На 10.02.2022 околу 17.15 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово, со судска наредба, го привеле 33-годишниот тетовец В.С. за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово. Тој бил спроведен во установата за издржување на казната.

    На 10.02.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.02.2022 во 16.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.02.2022 во 14.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип–Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(30) од Скопје и товарно возило „цитроен берлинго“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В.(44) од Радовиш. На местото на несреќата починал возачот М.В., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј. и сопатникот од истото возило А.Џ.(44) од Скопје, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

    На 10.02.2022 во 18.30 часот во парк-шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.02.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Ѓ.(42) од општина Дебарца. Тој бил затекнат при обид да одземе пари од маркет во Кавадарци. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 11 надвор од населено место и 4 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за непочитување првенство на минување на пешаци, 2 за користење мобилен и 6 за непрописно паркирање.

    На 10.02.2022 во периодот од 10.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани 34 прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

    На 10.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле откриени и санкционирани 35 возачи.

    На подрачјето на СВР Куманово на 10.02.2022 од 10.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 13 во Куманово, 4 во Крива Паланка и 1 во Кратово.

    На 10.02.2022 во периодот од 10.00 до 14.00 часот на подрачје на СВР Струмица била спроведена контрола за откривање на прекршоци сторени од страна на пешаци. Притоа, биле констатирани 11 прекршоци (9 во Струмица и 2 во Валандово) сторени од пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 10.02.2022 во периодот од 10.00 до 14.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 13 пешаци кои преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-08, Струга-04, Дебар-01). Во Струга, затекнати и санкционирани се 07 возачи на моторни возила кои извршиле непрописно престигнување.

    На 10.02.2022 во Полициската станица Велес, С.В.(21) пријавила дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес била касната од куче, сопственост на А.А. од Велес. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 10.02.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

    На 10.02.2022 во 19.45 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Д.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.

    На 10.02.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Драчево, М.С.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Киро Фетак“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img