More

    Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го добија четвртото дете

    spot_img

    Пејачот Мајкл Бубле и неговата сопруга Луисана Лопилато го добија четвртото дете.

    Популарниот пејач и аргентинската актерка споделија идентични објави на Инстаграм, во кои ја држат ногата на својата новородена ќерка.

    „Од љубовта доаѓа животот, светлината и таа… нашето бебе Сиело Јоли Роуз Бубле“.

    „Конечно пристигна во нашите животи со твоите 3,8 килограми!!! Му благодарам на Бог за овој бесконечен благослов, те сакаме!! Ноах, Елијас, Вида и твоите мама и тато“, напишаа покрај фотографијата.

    Двојката откри дека чека бебе во февруари, а Луисана го покажа трудничкото стомаче во спотот за песната на Бубле „I’ll never Not You“, во кој заедно рекреираа познати филмски сцени од романтични филмови, пишува „Сандеј ворлд“.

    Двојката веќе има три деца Ноах, Вида и Елиас. Бубле направи двегодишна пауза од музиката откако на неговиот најстар син Ноах му беше дијагностициран рак во ноември 2016 година, на тригодишна возраст.

    Тој претходно призна дека мислел дека нема да сними друг албум откако син му се разболел, но ја напишал и песната „Forever Now“ посветена на неговите деца.

    Луисана на својот Инстаграм сподели и видео за целиот процес на породување и донесувањето на свет на нивното девојче.

    Голем број ѕвезди, меѓу кои и британскиот ТВ-готвач Гордон Ремзи, испратија честитки до родителите.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img