More

    Машин Ган Кели со крваво лице откако си скрши чаша од глава

    spot_img

    Машин Ган Кели (32) целосно полудел среде концерт во Медисон Сквер Гарден во вторникот. Бил фатен како вреска по член на тимот и крши гитара.

    Пејачот излетал од сцената при крајот на својот настап во Њујорк, пробивајќи се до еден вработен. Друг член на тимот успеал да го задржи раперот додека тој му викал на вработениот, пишува „Пејџ сикс“.

    Во меѓувреме, неговиот бенд продолжи да свири за публиката додека МГК се вратил на сцената, ја зел гитарата и ја искршил. По настапот се забавувал во клубот каде чаша шампањ се скршил од главата.

    Се удрил со толкава сила што му се скршило стаклото и му го раскрвавило окото, а го оставил така да крвави додека настапувал во клубот.

     

    – Не ми е гајле, брат. Не ми е гајле – рече тој во микрофонот во видеото што го сподели на неговата приказна на Инстаграм со натпис „и ова е кога работите се свртеа“. Потоа ја извел својата хит песна „My Ex’s Best Friend“ додека сè уште крвавел.

    Неодамна, во својот документарен филм „Живот во розово“, тој детално го опиша моментот во кој за малку ќе си го одземел животот додека разговарал на телефон со својата свршеница Меган Фокс (36), додека тагувал за загубата на својот татко.

     

    – Не излегов од мојата соба и почна да се стемнува многу, многу, многу. Меган отиде во Бугарија да снима филм и почна да ме фаќа параноја. Постојано станував параноичен дека некој ќе дојде и ќе ме убие – се сеќава тој.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img