More

    Матичарите ќе мора да бидат повнимателни при куцањето

    spot_img

    Повеќе од 20.000 граѓани се пожалиле дека добиле погрешни изводи од Управата за водење матични книги (УВМК) во 2020 година, потврди Државниот завод за ревизија. Поради тоа новиот директор на Управата, Блерим Абази, најави казни за вработените кои често ќе прават грешки, но и подобрувања во системот.

    Директорот Абази во едно гостување на телевизија рече дека е свесен за честите грешки што се прават при издавањето изводи. Дел од вината ја префрли на базата на податоци од МВР, но призна дека грешки прават и вработените.

    – Ќе ги задолжам сите матичари, ќе направиме анализа, колку грешни изводи може да се дозволи, дека сите сме луѓе и грешиме. Но, треба да има некоја бројка до колку е дозволено еден матичар да направи грешка. И врз основа на тоа, кога ќе имаме детална анализа, ќе ги задолжам – секој матичар што ќе го надмине бројот, да ги плати грешните изводи – изјави Абази.

    Казнувањето на вработените сѐ уште не е воведено зашто, како што ни одговори директорот Абази се изработува Правилник за работа.

    – Моментално работиме на внатрешен Правилник во кој меѓу сите други пропусти ќе бидат внесени и грешните изводи па затоа правиме анализа до кое ниво ние како Управа можеме да дозволиме грешки. Доколку се помине тоа ниво матичарот ќе треба сам да ги плати тие изводи и ако во одреден период не се подобрува работењето ќе се применат и други мерки врз основа на закон – ни одговори Абази.
    Тој додава дека дел од грешките во изводите се прават поради тоа што кога е направена миграција на податоците од страницата на МВР во Управата за водење матични книги, некои грешки се наследни, и дека вработените во Матично секогаш кога се сретнуваат со вакви грешки ги поправаат.

    Наједноставен начин да се извади извод од матичната книга родени е преку електронски пат, но не секој граѓанин има пристап до таа услуга. Но што се случува кога граѓаните одат на шалтер и зошто тука се случуваат најголемите грешки?

    – Да, најсекојдневен и најефикасен начин на издавање извод е преку нашиот портал www.uvmk.gov.mk и ги молам граѓаните што повеќе да ги користат нашите online услуги. Процедурата за издавање извод е преку порталот или со физичко присуство на шалтер со поднесување на барање за извод. Со внесување на матичниот број на граѓанинот автоматски излегуваат податоците од книгите на нашиот систем врз основа на кои се печати извод во хартиена форма – вели директорот на Управата.

    На прашање дали се размислува да се подобри системот за вадење изводи од матичните книги за родени со можност дали е подобро да постојат готови примероци за секој граѓанин и само да се менува датумот на издавање, затоа што секој граѓанин еднаш се раѓа и не е разбирливо како е можно да се прават грешни изводи, Абази ни одговори дека засега не постои таква опција.

    – Во меѓувреме граѓанинот може да има и други измени на личните податоци како што е на пример презиме кое се менува по склучен брак, развод… и поради тоа кај нас е тешко спроведливо да има готови примероци. Очекуваме вработените значително да го намалат бројот на погрешно издадени изводи и со тоа да се подобрат услугите кои ги нуди нашата Управа – заврши Абази.

    Како што ни откри тој, до крајот на годинава е планирано да се воведат новитети во работењето. Една од можностите ќе биде електронски да се избере термин за склучување брак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img