More

    Матичарите потпишаа колективен договор

    spot_img

    Вработените во Управата за водење матични книги и нејзините подрачни одделенија од утре редовно ќе ги извршуваат работните обврски, откако денеска е потпишан Колективниот договор за што независниот синдикат на Управата штрајкуваше во изминатите седум недели.

    Директорот на Управата, Блерим Абази за медиумите изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата.

    – Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата – изјави Абази.

    Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок.

    Претседателот на независниот синдикат на Управата Тони Милошевски истакна дека првпат е потпишан Колективен договор, кој уредува многу досега недефинирани прашања, но нагласи дека штрајкот не е прекинат туку го ставаат во мирување до 20 јули 2022 додека не се реши и финансискиот дел.

    – Потоа ќе одлучиме како ќе го изразиме незадоволството ако не ни се реши финансискиот дел во колективниот договор што остана и кој Владата треба да го реши – додаде Милошевски.

    Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата.

    – Така што, ќе остане уште мал процент до оној што го бараат вработените и по пратената иницијатива од директорот, се надевам дека следната недела ќе имаме разговори во Министерството за  финансии. Кога ќе се одземат тие 2.806 денари што ќе ги добијат сите јавни службеници, остануваат уште до 10-15 проценти што мислам дека не е огромна сума за државата – изјави Ристески.

    Тој рече дека е среќен што со потпишаниот Колективен договор конечно се нашол заеднички јазик и дека е тоа голем чин по речиси два месеца штрајк и „игра на нерви“. Ристески ги охрабри и останатите вработени во државните управи, агенции и фондови да си формираат свои синдикати за да може да потпишат вакви договори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img