More

    Маск сака да укине 10 отсто од работните места во Тесла поради „супер лошо чувство“

    spot_img

    Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, има „супер лошо чувство“ за економијата и сака да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата за електрични автомобили, рече тој во е-пошта до Reuters во четвртокот.

    Во мејлот Маск вели и дека треба да има пауза од вработување ширум светот.

    Поштата била испратена два дена откако најбогатиот човек на светот им рекол на вработените дека мора да се вратат на работа или на друг начин да ја напуштат компанијата.

    Според официјалните податоци, компанијата Тесла на крајот на 2021 година вработувала околу 100.000 луѓе.

    Маск во вторникот им рекол на вработените да се вратат на работа или да ја напуштат компанијата, барање веќе одбиено од некои вработени во Германија каде што компанијата има нова фабрика.

    „Секој во Тесла мора да поминува најмалку 40 часа неделно во канцеларија“, напиша Маск во мејлот. „Ако не се појавиш, ќе претпоставиме дека си дал отказ“, напиша Маск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img