More

    Маск најави новости на Твитер од следниот месец

    spot_img

    Од идниот месец ќе можеме да твитаме до 4.000 букви во еден пост, наместо сегашните 280, потврди извршниот директор Илон Маск. Ова е само една од бројните промени која милијардерот ја планира за годинава, пишува Индепендент.

    Маск објасни дека долгите твитови „ќе го добијат истиот простор на екранот на временската линија како и другите твитови, но ќе можете да кликнете за повеќе“.

    Но, долгите постови се само дел од „многу поголем“ ремонт на корисничкиот интерфејс, кој ќе вклучува можност за лизгање помеѓу препорачаните твитовите и оние твитови кои ги следите, како и функција за обележување на постови што ќе функционира како копче за „тивок лајк“.

    „Исто така, ќе додадеме едноставни копчиња за уредување, на пример за задебелени букви, подвлечени букви и за големина на фонтот подоцна овој квартал“, напиша тој на Твитер .

    „Целта е да им се дозволи на луѓето да објавуваат долга форма на Твитер, наместо да ги принудуваат да користат друга веб-страница. Твитер ќе продолжи да препорачува твитовите да бидат кратки“.

    А како луѓето постираа долги текстови на Твитер во моментов? Па, популарно е вашиот текст да продолжи во првиот коментар, па во вториот, па во следниот и сè така како „ниша“.
    Но, ова наскоро може да стане минато.

    Некои луѓе сметаат дека поената на Твитер е токму во кратките постови и токму тоа го прави различен од Фејсбук.

    „За содржината на Твитер однапред претпоставуваме дека е кратка и конкретна – тоа е дел од нејзината привлечност“, напиша модната блогерка Кет Мун.

    „Твитовите не се наменети да бидат целосни објави на блогови“.

    Други корисници на Твитер сугерираа дека функцијата може да биде трик за да ги натера луѓето да се претплатат на Твитер Блу, премиум верзија на платформата која чини 8 долари месечно, а која им овозможува на корисниците да ги уредуваат своите твитови.

    Ова би било особено корисно ако сакате да ги поправите грешките во вашиот долг пост – граматички или правописни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img