More

    Маск: За вселенски проекти ќе зборуваме по војната

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на технолошкиот маг Илон Маск за поддршката на Украина со неговиот сателитски интернет систем „Старлинк“ (Starlink).

    „Следната недела ќе добиеме уште една серија „Старлинк“ системи за уништените градови“, напиша Зеленски во твитот со кој му се заблагодари на Маск „за поддршката на Украина со зборови и дела“.

    Украинскиот лидер кажа дека разговарале и за „можни вселенски проекти“.

    „Но, за тоа ќе зборуваме кога ќе заврши војната“, рече Зеленски.

    Старлинк, систем на компанијата на Маск „СпејсХ“, ќе им помогне на Украинците да добијат пристап до Интернет доколку откаже телекомуникациската мрежа или биде уништена во битка.

    Сателитската интернет услуга вклучува пренос на податоци од Интернет во вселената преку радио сигнали.

    Земјените станици емитуваат сигнали до сателитите во орбитата, кои ги пренесуваат податоците назад до корисниците на земјата.

    Старлинк управува со повеќе од 2.000 сателити и има земјени станици ширум светот што поддржуваат Интернет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img