More

    Маск застана на лидерското место со 219 милијарди долари

    spot_img

    Илон Маск, извршниот директор на Tesla и SpaceX, го престигна Џеф Безос и стана најбогатиот човек на светот. Ова го покажува најновата ранг листа на најбогатите на Форбс.

    Маск за прв пат е на врвот на листата на светски милијардери. Од 11 март, бизнисменот имаше проценета вредност од 219 милијарди долари, откако неговото богатство порасна за 68 милијарди долари минатата година во услови на скок од 33 отсто на цената на акцијата на Тесла.

    Нетото богатство на Маск е 48 милијарди долари повеќе од богатството на Џеф Безос, кој падна на второто место за прв пат по 4 години поради падот на акциите на неговиот малопродажен гигант Амазон за 3 отсто. Неговото богатство е проценето на 171 милијарда долари.

    На последната листа на Форб се најдоа 2.668 милијардери, што е за 87 помалку од пред една година. Тие вредат вкупно 12,7 трилиони долари – исто така 400 милијарди помалку отколку во 2021 година.

    Најдраматичен пад се случи во Русија, каде што има 34 милијардери помалку од минатата година, но и во Кина, каде што владата ги воздржа водечките технолошки компании, што доведе до 87 кинески милијардери помалку на листата.

    Америка, пак, и понатаму е светски лидер со 735 милијардери вредни 4,7 трилиони долари. Кина (вклучувајќи ги Макао и Хонг Конг) останува на второто место, со 607 милијардери вредни 2,3 трилиони долари.

    3. Бернар Арно – 158 милијарди долари.
    4. Бил Гејтс – 129 милијарди долари.
    5. Ворен Бафет – 118 милијарди долари.
    6. Лари Пејџ – 111 милијарди долари.
    7. Сергеј Брин – 107 милијарди долари.
    8. Лари Елисон – 106 милијарди долари.
    9. Стив Балмер – 91,4 милијарди долари.
    10 Мукеш Амбани – 90,7 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img