More

    Мартина Димовска ја става Македонија на мапа и онаму каде што не знаат дека постоиме

    spot_img

    Мартина Димоска, по потекло од Кичево, конечно успеа целосно да ја пренасочи својата инженерска кариера во вселенскиот сектор, пишуваше „БалканскиИнфо“ за неа пред речиси две недели.

    Мартина има богата биографија, која иако не ја разбираме, или ако не ни е активно присутна во нашата индустрија, често ја потценуваме.

    Таа е дипломиран инженер за материјали и нанотехнологија на ТМФ, УКИМ, каде што добила стипендија од МОН за нејзиниот висок просек. За време на студиите во Македонија учествувала на бројни натпревари, настани и размени во странство. Мартина станува првата генерација на Алумни програмата „Глобал УГРАД“ по што студира на Државниот универзитет во Кент. Подоцна добива стипендија од „Aldrin Family Foundation“ и се запишува на постдипломски „Commercial Space Studies“ на „Florida Institute of Technology“ во Флорида, Америка. По завршувањето на овие студии, Мартина стана стипендист на „Master of Space Studies“ на „International Space University“ во Стразбур, Франција.

    Димоска е вклучена во NASA Space Apps од 2014 година, а по неколку години активно учествува прво како натпреварувач, а подоцна и како ментор. Од 2019 година, таа е вклучена во главниот организациски тим во Кливленд, Охајо, во Америка. Како и претходните години, Мартина е локален лидер и главен организатор на NASA Space Apps Challenge Mountain View во Силиконската долина во Калифорнија.

    Со својот активизам и ангажман, Мартина самоиницијативно ја става Македонија на „Мапата на светот“, вметнувајќи ја во институции и реномирани организации, каде што досега не постоеше, и тоа со својата посветеност и труд.

     

    Таа неодамна доби стипендија и титула „Космички лидер во Подем“ од Меѓународната астронаутска федерација, која го организира Меѓународниот астронаутички конгрес, кој оваа година ќе се одржи во Париз, Франција. Мартина е првата Македонка која што ја доби оваа престижна титула, а на Конгресот ќе се претстави со два труда. Првиот е нејзиниот тимски истражувачки проект наречен „Starship impakt na SatCom industry “. Другата на која е силно фокусирана е нејзиниот Индивидуален истражувачки проект насловен: „Инсталација на 3Д соларен печатач во соработка со ECAM Strasbourg“.

    Меѓу најновите достигнувања, истакнуваме дека таа стана делегат на „Советодавниот совет за вселенска генерација (SGAC)“. Таа ќе присуствува на Конгресот за вселенска генерација (SGC) со стипендија, што е годишен состанок на SGAC за поддршка на Програмата за вселенски апликации на Обединетите нации (ОН).

    Во споменатите две институции, Македонија не била ниту наведена како опција за избор при пријавувањето, пред нејзиното вклучување. додека на листата се најдоа земји од региони како Косово, Бугарија и Србија, како и земји од африканскиот континент.

    Досега таа е првата Македонка која е примена во две аналогни астронаутски мисии. Таа е првата Македонка која активно се движи кон процесот да стане аналоген астронаут. Иако првата аналогна мисија не се вклопувала во нејзиниот напорен распоред и таа морала да даде приоритет на други обврски. Мартина во моментов има уште една важна заложба. Станува збор за нејзиното присуство на тренингот предвиден да ја обучи како иден член на тимот за претстојните мисии на Analog Mars на Австрискиот вселенски форум (OeWF).

    Покрај тоа, Мартина е активен член на EuroMoonsMars и работела на резиденцијата SHEE заедно со нејзините студии.

     

    Светот на аналогните мисии е огромен, а Мартина реално е најблиску до она што ние го сметаме за астронаут. Впрочем, не ни се познати ниту половина од овие институции, ниту нивната тежина и важност. Сепак, треба малку повеќе да ги цениме луѓето кои успеваат да не претставуваат и покрај тоа што речиси сите шанси се против нив.

    Мартина често споделува многу вести на своите социјални мрежи, поради што често се појавува на странски и реномирани портали, подкасти и значајни списанија. Се надеваме, така ќе биде и во нејзината родна земја. Нејзиниот профил на Инстаграм е @marta_devilish, објавија медиумите од регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img