More

    Мароко оди во четвртфинале

    spot_img

    Мароко ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство за првпат во својата историја откако на пенали го елиминираше еден од фаворитите Шпанија. Северноафриканската селекција беше рамноправен противник против светскиот првак од 2010 и имаше свои шанси во 120 минути игра, но бидејќи немаше голови, победникот го решаваа пенали.

    Апсолутен херој на Мароко беше голманот на шпанска Севилја, Јасин Боно, кој одбрани два удара, додека обидот на првиот изведувач Сарабија заврши во дирекот. Ашраф Хакими, кој е роден во Мадрид, го изведе клучниот пенал, за победа на Мароко од 3:0.

    Мароко без пораз стигна до четвртфиналето, откако во групната фаза одигра без голови со Хрватска и ги совлада Канада и Белгија.

    Мароко го игра својот шести мундијал и претходно ја помина групата само уште во 1986.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img