More

    Марка: Меси го напушта ПСЖ на крајот од сезоната

    spot_img

    Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси наводно ја одбил опцијата за продолжување на договорот со Пари Сен Жермен и на лето ќе ја напушти француската престолнина како слободен играч.

    Меси им се приклучи на парижаните пред две години, потпишувајќи двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. По предизвикувачката дебитантска сезона во француското првенство, во која постигна само шест првенствени гола, Аргентинецот годинава ја фати формата и веќе постигна шест гола и осум асистенции за ПСЖ, а се истакнува и во националниот тим.

    И покрај неговиот напредок во формата, 35-годишниот наводно сака да го напушти Паркот на принцовите на крајот на сезоната, според Микел Бласкез, известувач за шпанскиот спортски дневен весник Марка.

    „Лео Меси јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ. Аргентинскиот фудбалер следната сезона нема да ја продолжи кариерата во Париз“, напиша Бласкез на Твитер.

    Според новинарите, се повеќе се навестува дека фудбалската ѕвезда би размислувала за враќање во Барселона, со која меѓу другото освои десет титули во шпанскиот шампионат и четири во Лигата на шампионите.

    „Тој многу би сакал да се врати, но засега се уште има договор со друг клуб, така што тоа се уште е невозможно. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави пред извесно време тренерот на каталонскиот тим Чави Ернандез.

    Иако Меси тврди дека моментално е среќен во Париз, а Жоан Лапорта верува во продолжување на успешната приказна која фудбалерот ја напиша со Барселона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img