More

    Маричиќ објасни кога ќе започнат уставните промени

    spot_img

    Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека обврската за промена на Уставот, односно вметнување на Бугарите во него, ќе мора да се случи пред да се одржи следната меѓувладина конференција на која ќе се отворат кластерите.

    – Ќе консултираме експерти кога ќе го започнеме овој процес, а владата ќе започне иницијатива за уставните измени, како што беше со Преспанскиот договор. Ние сè уште немаме утврден календар за уставни измени, но тоа е обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, дијалогот во Собранието. Целта е да завршат успешно … Секако ќе биде по летните одмори. Тогаш ќе можеме да говориме за точен календар. Важно ни е да одиме ниту пребрзо но ниту преспоро. Најважно е исходот да биде позитивен – изјави Маричиќ.

    Во понатамошниот дел од одговорите Маричиќ објасни дека овие уставни измени, во содржинска смисла, се најлесните досега. Причината, додаде, е што само треба да се додадат неколку заедници (освен Бугарите и Црногорците и Хрватите) на веќе седумте кои се споменати во Уставот. Нашиот концепт на Уставот е таков што дозволува вакви промени, продолжи Маричиќ, потсетувајќи дека е така веќе 20 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img