More

    Маричиќ вели дека македонскиот јазик и идентитет се веќе заштитени со Преспанскиот договор

    spot_img

    Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека чекањето нов предлог не ни е во прилог бидејќи и досега сме имале предлози кои биле или за нас целосно прифатливи, а за Бугарија неприфатливи или обратно.

    – Мислам дека сега сме на точката каде што имаме компромисно решение, каде што и ние сме задоволни за некои работи, за некои помалку задоволни и Бугарија е да речеме за многу работи можеби незадоволна меѓутоа ја искористивме онаа ситуација, една Влада заминува, а Парламентот изгласа некоја позиција, што е во некоја рака добро за нас – рече Маричиќ во денешното радио гостување на „Канал 77“.

    На прашањето за македонскиот јазик и идентитет, вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека тоа во меѓународни рамки го имаме го имаме решено со потпишувањето на Договорот од Преспа, врз негова основа е впишано во нашата лична карта во Обединетите Нации.

    – Кој што сака може да каже, но тоа што имаме е прифатена и усвоена од Бугарија преговарачка рамка, со заштитен македонски јазик и идентитет. Навистина ќе биде штета да пропадне шансата и приликата која не знаеме дали по неколку месеци или по неколку години ќе ја добиеме пак. Не е добро за нас да бидеме повторно тема на изборите во Бугарија,  да се отвора простор за дискусија за нашата европска иднина и да собираат поени на македонското прашање кога имаме чиста ситуација во нашиот македонски јазик, прв пат во историјата на нашите односи со Бугарија – изјави вицепремиерот Маричиќ.

    Вицепремиерот истакна дека ако сега останеме во место и да чекаме некои подобри времиња, ако решиме да не го прифатиме, остануваме со Косово и Босна и Херцеговина, кои имаат сериозни структурни предизвици околу заокружување на нивната државност.

    – Наш  е изборот во која група сакаме да припаѓаме и како сакаме да се развиваме. Сите се изморени од чекање, но Европската Унија е нашата стратешка определба. Од секогаш сум велел кога сме внатре и сме во процесот е поинаку, имаме друг политички третман, повеќе можности, фондови и полесно се решаваат проблемите – истакна Маричиќ во емисијата.

    Вицепремиерот додаде оти мораме да бидеме реални дека постојат структури кои не и мислат добро на нашата држава ниту на регионот и влијаат со тенденција да останеме во изолација и без перспектива, потенцирајќи дека заради тоа е важно да се задржи државата на европскиот пат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img