More

    Маричиќ вели дека Владата ќе ги иницира уставните измени „согласно атмосферата“

    spot_img

    Нема да се менува унилатералната изјава која владата ја достави до ЕУ пред два дена во Брисел Ова било одлучено по консултациите во Министерството за надворешни работи, кое излезе со соопштение до јавноста објаснувајќи ја изјавата и нејзината цел да го формулира македонскиот јазик без какви било фусноти или додавки како службен јазик во Унијата, пишува Телма. Претходно, голем дел од експертската јавност, МАНУ, видни лингвисти и македонсити реагираа дека истата не го штити историскиот континуитет на јазикот.

    Македонија пред два дена го започна таканаречениот скрининг процес пред преговорите со ЕУ. За скринингот Унијата предвидува 14 до 16 месеци, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Скринингот е поделен на кластери, а тие би требало да бидат отворени по летните одмори. Во постапката Македонија ќе биде запознаена со деловите од своето законодавство кои ќе треба да ги усогласи со правото на ЕУ.

    Маричиќ најави дека првиот скрининг Извештај за Кластерот „Фундаментални вредности“, го очекува во првиот квартал од 2023 година и информираше дека за овој Кластер треба да се подготват три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни и среднорочни цели.

    Дел од скринингот ќе биде и процесот на отворање на македонскиот Устав, услов без кој не може формално да отпочнат преговорите. Според календарот на ЕУ до ноември 2023 Македонија ќе треба да најде политичка волја да ги спроведе уставните измени.

    Маричиќ вели дека Владата ќе биде таа која ќе иницира уставни измени „согласно околностите и атмосферата“. Тој признава дека владата уште нема динамика за тоа кога и како ќе почне процесот поврзан со отворање на Уставот.

    Тој притоа не сакаше да открие кој ќе биде политички, а кој технички преговарач, најавувајќи дека официјално сите имиња и структурата на преговарачките тимовите ќе бидат објавени кон крајот на август или почетокот на септември.

    – Најважно е да создадеме една атмосфера којашто ќе нема да се повтори онаа слика во Собранието која ја имавме минатата недела која не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту услови за нормална размена на аргументи. Сакаме да биде тоа процес во којшто ќе имаме отворена, сериозна, јавна расправа со вклучување на чинителите, на претставници на заедниците коишто треба да бидат вклучени во Уставот. Сметам дека во содржинска смисла овие уставни измени би биле веројатно најлесни од сите до сега. Зборувам во содржинска смисла, бидејќи ние имаме веќе 7 заедници во Уставот треба да додадеме уште најмалку 3 или уште колку ние ќе решиме во тој процес – објасни Маричиќ.

    Според него, во однос на овие прашања има два типа на патриоти, едни коишто остануваат само на убави или лоши зборови и други коишто работат на дело.

    – Да го заштитиме нашиот идентитет, македонски јазик, идентитет и посебност и да станеме членка на ЕУ. Тоа се наши цели уште од самото осамостојување како држава и ние како Влада сметавме и сè уште сметаме дека се тоа остварливи цели во исто време. Дека можеме да останеме Македонци кои говорат македонски јазик и да бидеме членки на ЕУ. Мислам дека сме на добар пат тоа да го оствариме, рече Маричиќ, потсетувајќи дека изминатите 5 години Владата има направено сериозни чекори за заштита на македонскиот јазик и идентитет и дека токму во овој период е впишан Македонскиот јазик во ООН, е впишан во советот на Европа, во НАТО, впишан во ОБСЕ и во сите меѓународни организации каде што Северна Македонија е членка, што според Маричиќ е многу поважно и попатриотски од која било друга симболика – истакна вицепремиерот Маричиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img