More

    Мариупол не се предава, цивилите ќе бидат евакуирани

    spot_img

    Војниците во челичарницата во Азовстал уште не се предаваат и ја повикаа меѓународната заедница да ги извлече од опколениот град. Припадник на украинските сили на Фејсбук објави дека војниците „можеби ги живеат своите последни денови“.

    – Непријателот е десетпати поброен од нас – изјави Серхиј Волина од 36 морнаричка бригада лоцирана во челичарницата Азовстал во Марииупол.

    Претходно, руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал да се предадат денеска до 14 часот по московско време.

    Цивилите ќе бидат евакуирани

    Украина соопшти дека се договорила со руските сили денеска да се отвори безбеден коридор за цивилите да го напуштат разурнатиот пристаништен град Мариупол.

    „Успеавме да постигнеме прелиминарен договор за хуманитарен коридор за жени, деца и стари лица“, напиша на социјалните мрежи украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

     

     

    Во Мариупол има уште 130.000 заробени цивили

    Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов соопшти дека во градот сè уште има околу 130.000 луѓе. Градот е под блокада повеќе од педесет дена, а Орлов вели дека веќе нема струја, вода, храна ниту лекови.

    – Луѓето живеат во услови на постојано бомбардирање и воздушни напади. Недостасува сè, недостасува живот – рече тој и додаде дека на бранителите на градот им е сè потешко и оти се опколени.

    Норвешка испрати 100 ракетни системи

    Додека траат битките во Мариуопл и на истокот во Украина, Украина добива засилување. Норвешка испрати 100 ракетни системи Мистрал во Украина како одговор на барањето на Киев за различно оружје, соопшти Министерство за одбрана во Осло.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара од Осло да испрати оружје во неговата земја, вклучувајќи противбродски ракети Харпун и мобилни противвоздушни ракетни системи НАСАМС.

    Чернобил е достапен и на линија

    Доцна синоќа, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) конечно го доби Чернобил на телефон, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси.Руските сили го држеа Чернобил под опсада пет седмици, пред да се повлечат на 31 март. МААЕ изгуби контакт со нуклеарната електрана на 10 март.

    – Очигледно ова не беше одржлива ситуација, многу добра вест е тоа што регулаторот сега може директно да контактира со електраната, кога ќе има потреба – наведе Гроси.

    Тој додаде МААЕ ќе испрати експерти во Чернобил во текот на месецот со цел „да се тестира нуклеарната безбедност, да се спроведат радиолошки проценки, да се испорача витална опрема и да се поправи далечинскиот заштитен систем на Агенцијата“.

    Тинков ја осуди „безумната“ војна

    И покрај најавите дека војната може да трае до крајот на годината, видни личности од Русија ја осудуваат „специјалната операција“. Рускиот милијардер Олег Тинков ја нарече руската војна „безумна“ и го повика Западот да помогне да запре „масакрот“.

    „Деведесет проценти од Русите се ПРОТИВ таа војна#, објави Тинков на Инстаграм, потенцирајќи оти „безумната војна не е во корист на НИКОГО“ бидејќи „гинат невини луѓе и војници“.

    Тинков е основач на „Банка Тинкофф“ формирана во 2006 година, кој денес има околу 20 милиони клиенти. Тој во 2020 година се повлече од функцијата извршен директор на банката. Тинков е на списокот на лица кои се под британски санкции поради руската окупација врз Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img