More

    Мариупол е главната воена цел на Русија – Во градот се водат очајнички борби (ВИДЕО)

    spot_img

    Официјален претставник на руските власти денеска отворено соопшти дека една од главните воени цели на Москва е да се заземе пристанишниот град Мариупол и на тој начин да се поврзат сепаратистичките региони во Украина, јави ДПА.

    Кирил Степанов, заменик-претставникот на претседателот Владимир Путин за федералниот округ јужна Русија, изјави дека заземањето на Мариупол ќе обезбеди сигурна копнена врска со анектираниот црноморски полуостров Крим.

    – Штом руската војска ќе го стави под контрола патот М14, Крим ќе биде поврзан со источните региони на Доњецк и Луганск преку транспортен коридор – изјави денеска Степанов за руската државна агенција „Риа Новости“.

    Голем дел од областите Доњецк и Луганск се под контрола на сепаратистите поддржани од Русија, а од почеткот на руската интервенција тие ја проширија територијата под нивна контрола.

    Автопатот М14 ги поврзува Одеса во југозападна Украина со Мариупол и оттаму преку руската граница сè до Ростов на Дон.

    Информациите од опсадениот град упатуваат кон тоа дека во моментов се водат жестоки борби, а бранителите на градот се обидуваат да ја задржат контролата вор централното подрачје, иако веќе од пред неколку дена им недостасуваат храна, муниција и лекови.

    На социјалните мрежи објавени се снимки направени од дрон, од кои лесно може да се заклучи за степенот на разорната моќ, со која руските сили се обидуваат да го освојат градот.

     

     

    Според последните непотврдени информации, речиси половина од територијата на градот е под контрола на руските сили.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img