More

    Марго Роби откри какви супстанции користат актерите кога прикажуваат употреба на дрога

    spot_img

    Марго Роби и нејзиниот колега од филмот „Вавилон“ Диего Калва vо интервју за „Базфид“, открија кои реквизити најчесто ги користат при снимањето за веродостојно да го прикажат консумирањето на дрога.

    Прикажувајќи луди холивудски забави, дрога што се шмрка од голи тела и Бред Пит кој паѓа од балкон, „Вавилон“ ја нагласува неконтролираната декаденција и изопаченост на раниот Холивуд додека индустријата преминува од неми филмови во говорни.

    Во режија на Демиен Шазел, филмот може да се пофали со актерска екипа во која се Марго Роби, Тоби Мегваер, Бред Пит, Диего Калва и Џин Смарт.

    Марго, која ја игра Нели Ларој, аспиративна актерка, и Диего, кој го игра Мани Торес, филмски асистент со големи соништа, открија какви реквизити користат за веродостојно да ги прикажат сцените со консумирање дрога.

    Кога гледаме „кокаин“ во ТВ-сериите и филмовите, тоа е всушност, витамин Б во прав или лаксативи за бебиња во прав. Или, ако не се проголта, филмската екипа понекогаш ќе користи шеќер во прав.

    Во секој случај, Марго вели дека сè уште боли шмркањето лажни лекови и нагласува дека „не е убаво“.

    Уште еден реквизит кој најчесто се користи во „Вавилон“, како и во многу други продукции, се цигарите. Марго објаснила дека иако никогаш не пушела вистински цигари, пушела лажни, бидејќи морала да има зарипнат глас за нејзиниот лик.

    „На снимањето, имате цигари кои немаат никотин. Тоа се билни цигари, но тие се ужасни и имаат ужасен вкус“, откри таа.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img