More

    Манекенката од Катар замина за Саудиска Арабија

    spot_img

    Светскиот топ модел Адријана Лима присуствуваше на глобалниот состанок на WTTC посветен на природата, туризмот и патувањето во Ријад, Саудиска Арабија, а за овој настан манекенката избрала интересна  „диско“, но елегантна креација.

    На официјалната веб-страница на самитот е посочено дека целта на средбата е да се најде решение за закрепнување на секторот од последиците што ги остави зад себе пандемијата и да се создаде стратегија за одржлив развој.

     


    Бразилската манекенка за оваа пригода се одлучила за палто и ѕвонести панталони од светки, а целокупниот стајлинг го заокружила со обетки и салонки.

    Да потсетиме, Лима е во врска со филмскиот продуцент Андре Лемарс, а на 28 август го добија своето прво дете – синот Цијан. Лима има две ќерки од бракот со кошаркарот Марко Јариќ, а ова ѝ е прво дете со филмскиот продуцент Андре Лемарс.

    Инаку, Лима со целото семејство присуствуваше на Светското првенство во фудбал во Катар.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img