More

    Макрон: Двајцата премиери имаат целосна поддршка за договор

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон, по синоќешните телефонски разговори со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Домитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз „кога ќе дојде време“ властите на Бугарија и Северна Македонија со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА.

    Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, „веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји“, потсети Елисејската палата по разговорите со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.

    За време на разговорите, Емануел Макрон ја изрази својата „целосна поддршка за договор меѓу двете земји, кој ќе придонесе за добрососедски односи и ќе ја консолидира европската перспектива на Северна Македонија“.
    Макрон изрази целосна поддршка за договор меѓу двете земји, како и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства, велат од Елисејската палата.

    Софија го блокира пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија од ноември 2020 година поради спорови поврзани со јазикот и историјата. Пред оваа бугарска блокада, Северна Македонија со години се соочуваше со ветото на Грција која не и го прифаќаше името Македонија, кое исто така е име на нејзината северна провинција, гледајќи го како узурпација на нејзиното историско наследство. Атина го укина ветото во 2018 година кога на името на земјата беше додадена додавката „Северна“.

    Пет земји во моментов се официјално кандидати за ЕУ, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција. Во 2019 година, Емануел Макрон стави вето, со уште две земји-членки, на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, со барање да биде усвоена нова методологија за пристапување во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img