More

    Македонците со две дози и негативен тест одат во карантин во Холандија

    spot_img

    За македонските граѓани од утре стапнуваат на сила, нови построги услови за влез во Холандија, а причина за тоа е што Македонија беше ставена на листата на земји со многу висок ризик од зараза со коронавирус, стои во објавата на македонското МНР.

    Патниците од Македонија кои се вакцинирани или имаат доказ за прележан ковид-19 ќе мора да одат во карантин ако не ја примиле третата доза од вакцината. Останува обврската да се приложи и негативен ПЦР тест за не постар од 48 часа пред доаѓање или негативен антиген тест не постар од 24 часа пред поаѓање.

    За да се избегне задолжителниот карантин, третата доза треба да се прими најмалку седум дена пред доаѓањето во Холандија. Од одење во карантин се ослободени и деца до 12 години. Сите патници мора да пополнат изјава за карантин, дури и ако не треба да одат во карантин.

    Патниците можат да го прекинат карантинот доколку се тестираат на 5-от ден по пристигнувањето и резултатот од тестот е негативен. Како што стои во информацијата, невакцинираните лица не можат да влезат во Холандија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img