More

    Македонското МНР објави нон-пејпер за да надвладее гласот на разумот

    spot_img

    Македонското Министерство за надворешни работи во нон-пејпер предлага иницијатива за засилување на контактите луѓе со луѓе, за да се слушне гласот на разумот против војната. Според МНР, оваа иницијативата се испраќа до земјите членки на ОБСЕ, организација со која Северна Македонија ќе претседава во 2023 година.

    Според наведеното во нон-пејперот, се предлага општествата во Европа и пошироко да бидат погласни во комуникацијата со нивните колеги во Руската Федерација.

    – Идејата е да се поканат и да се здружат општествата против оваа бесмислена војна. универзитетите со универзитетите, лекарите со лекарите, коморите со коморите, новинарите со новинарите… Значи, комуникација народ со народ, против агресијата – објаснуваат за Дојче веле од МНР.

    Според нон-пејперот, додека се осудуваат постапките на Путин, треба и јасно да се каже дека народот не е виновен за конфликтите предизвикани од неговите ирационални лидери.

    „Во оваа насока, ние го поздравуваме гестот на проминентни руски личности кои го кренаа гласот против војната. На Русија и на целиот свет им требаат уште вакви примери. Целта на овој ангажман е да ги убеди луѓето во Русија дека остатокот од Европа и другите не се нивни непријатели. Треба да ги здружиме нашите напори за да го запреме страдањето. Да го увериме рускиот народ дека сакаме да го вратиме мирот и да ја продолжиме нашата соработка базирана на еднаквост, слобода, правда, почитување на човековите права и на пријателски односи меѓу државите“, пишува во нон-пејперот.

    Во време на голема информациска блокада на која се изложени руските граѓани, целта да се да се предупреди на високата цена што ќе ја плаќаат граѓаните.

    „На крајот, лидерите ќе си подадат рака, но цената ќе ја плати народот. Тагата на мајката е иста кога се соочува со војна и кога ги губи своите синови. Стариците ќе го чекаат својот маченички син, жената ќе го чека саканиот сопруг, а децата ќе го чекаат својот татко. И сите ќе платат иста цена, без разлика на која страна се од границата“, пишува во нон-пејперот.

    Во моментов голем број странски медиуми и нивните дописници престанаа со работа во Русија, откако тамошниот парламент усвои закон со кој се воведува кривична одговорност за ширење на лажни вести во врска со вооружените сили на Руската Федерација. Практично, она што се случува во Украина новинарите во Русија не смеат да го наречат „војна“. Рускиот државен регулатор во комуникацискиот сектор, Роскомнадзор, пред три дена ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук. И покрај строго филтрираните информации, руската јавност сепак наоѓа начин како да дојде и до оние информации кои руските власти се обидуваат да ги направат недостапни.

    Додека течат на напорите да надвладее разумот, амбасадата на Русија во Северна Македонија вчера на Твитер објави дека внимателно се евидентираат случаите на русофобија во голем број странски земји.

    „Обрнуваме големо внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина. Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, објави руската амбасада на Твитер.

    До моментов нема информации дали МНР ќе реагира на ваквото предупредување. Во Северна Македонија не постои русофобија, туку повици за запирање на руската инвазија во Украина, какви што има и во Руската Федерација. Токму вчера, повеќе од 3.500 луѓе беа приведени во Русија заради протести против војната во Украина. Демонстранти извикуваа „Не на војната“ и „Срам да ви е!“, а на снимките објавени на социјалните мрежи од опозициски активисти, се гледа како полицајци со палки тепаат демонстранти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img