More

    Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022″

    spot_img

    Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022″. Ќе бидат доделени три годишни награди во категориите: најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.

    На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.

    Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2022 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во нашата земја.

    Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. Секој фоторепортер може да учествува со најмногу три фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција.

    Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да се најдат на веб-страницата на МИМ: https://mim.org.mk/mk/novosti/1432-konkurs-novinarski-nagradi-nikola-mladenov-2022-24 .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img