More

    Македонија се мобилизира да им помогне на настраданите во силниот катастрофален земјотрес од што ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети, повредени и човечки загуби

    spot_img

    Македонија се мобилизира да им помогне на настраданите во силниот катастрофален земјотрес од што ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети, повредени и човечки загуби.

    Црвениот крст на Република Северна Македонија е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и со Сириската арапска црвена полумесечина, на кои веднаш им е понудена првична помош.

    Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

    • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
    • како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
    • За донации на средства во странска валута:
      NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
      BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
      BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
      BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
      SWIFT CODE: KOBSMK2X
      IBAN CODE: MK07300701000001228

    Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, апелираше и ги повика градоначалниците од сите општини ширум земјава, во рамки на финансиските можности на општините, да донираат за погодените од разорните земјотреси кои денеска ги погодија Турција и Сирија.

    Во меѓувреме и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, соопшти дека на 8 февруари (среда) ќе се одржи итна вонредна седница на Советот, на која ќе се носи одлука за помош на настраданите. Во Град Скопје, за жал, дури и предлозите за помош на настраданите беа повод да се разгорат препирките меѓу политичките партии и градоначалничката Данела Арсовска. Од градската власт сепак се очекува да донесе одлука за помош од околу 100.000 евра.

    Осум пожарникари од Општина Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини, ќе заминат во спасувачка мисија во Турција, со надеж и уверување дека ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.

    По првичната најава на претседателот Стево Пендаровски за помош од Македонија, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на нејзиниот Фејсбук профил изрази сочувство и објави дека „македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи“.

    По веста за земјотресот, студенти од Турција кои студираат во  Скопје поставија шатор на плоштадот Македонија, каде што собираат материјална помош за преживеаните од земјотресот. Како што велат тие, граѓаните можат да донираат облека, вода или храна, кои потоа ќе ги испратат во Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img