More

    Македонија загуби со 2:0 по погодокот на Кварцахелија

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето во Тбилиси од Грузија со 2:0 во меч од петото коло од Лигата на нации. Со овој триумф, Грузија убедливо го обезбеди првото место во групата и ќе игра во баржите за пласман на Европското првенство во 2024 година, додека Македонија шансата за нов континентален настап ќе ја бара преку квалификациите, јавува Спортманија.

    Мечот во Тбилиси имаше чуден тек. Македонија одлично отвори и постојано напаѓаше и имаше контрола над играта. Така беше се до 35 минута кога домаќините прв пат посериозно се заканија и постигнаа гол, односно тоа беше автогол.

    Кварцахелија продре по страна, остро нафрли по земја, а топката удри во нозете на Бојан Миовски кој беше на 4-5 метри од голлинијата и немаше можност да реагира подобро.

    Грузија на полувреме водеше со 1:0,  вториот дел беше како пресликано на првото полувреме. Македонија одлично отвори. Елмас и Миовски имаа шанси, но не погодија, а потоа стигна казна.

    Дарко Велковски загуби една топка на средината од теренот, брзите Грузијци направија контра напад кој со погодок го заврши Кварцахелија, за голема радост на преку 50.000 домашни фанови на „Динамо Арена“ во Тбилиси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img