More

    Македонија е на прво, Холандија е на второ, а Швајцарија е на трето место во Европа според леснотијата да се побегне од затвор

    spot_img

    Македонија е на прво, Холандија е на второ, а Швајцарија е на трето место во Европа според леснотијата да се побегне од затвор.

    Земјава, каде што токми синоќа се случи едно спектакуларно филмско бегство на затвореник, не само што се наоѓа на врвот на листата, туку има и убедливо водство пред останатите држави.

    Во Македонија, според мапата, во просек бега по 691 затвореник на секои 10.000 затвореници.

    Веднаш по нас се наоѓаат Холандија со 315 избегани на 10.000 затвореници и Швајцарија со 284.

    Состојбата кај соседните земји е прилично стабилна. Во Бугарија, на пример, просечно бегаат по 8 затвореници на секои 10.000 затвореници, во Србија бегаат 22 и во Грција – 17.

    Интересен е фактот што некои земји воопшто не пријавиле случаи на бегство од затвор, а меѓу нив се Албанија, Црна Гора, Словенија, Малта и Кипар.

    Податоците за оваа карта доаѓаат од Годишната казнена статистика на Советот на Европа.

    Во продолжеие, погледнете ја мапата, а сите податоци прочитајте ги на следниот ЛИНК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img