More

    Македонија годинава е на 108 место во светот по воена моќ меѓу 145 светски сили

    spot_img

    Македонија годинава е на 108 место во светот по воена моќ меѓу 145 светски сили, вели новиот извештај на американскиот сајт Global Firepower. Во регионот зад нас се Црна Гора на 128 место, БиХ на 133 место и Косово на 134. место на листата. Нашиот сосед Албанија котира на 91. место, додека Бугарија на 59-тото предничи пред Хрватска и Словенија, но е веднаш зад Србија, која е на 58 местото како најголема сила во Западен Балкан.

    Нашиот јужен сосед се искачи на 30 место на ова рангирање.

    Најинтересното? Германија не е меѓу првите десетмина најсилни во светот. Топ 10 листата изгледа вака: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15 место.

    За да се одреди воената моќ на една земја разгледувани биле над 60 фактори, што значи не само бројот на војска и воена опрема, туку и финансиите на земјата, логистичките способности, географијата и многу други нешта.

    Добрата вест според оваа анализа е дека трендот на воена моќ во Македонија се зголемува во однос на претходните години, па затоа имаме зелена стрелка која покажува нагоре во списокот. Македонија напредна цели 27 места на истиот список спореден со лани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img