More

    Македонија во Скопје ја пречекува Грузија

    spot_img

    Во дуел од третото коло Ц-сегмент четврта група, вечер на „Тодор Проески“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Грузија.

    Во првите две кола избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа нерешно со Бугарија и забележаа победа над Гибралтар. Со евентуален триумф против Грузијците, „црвено-жолтите“ ќе избијат на првото место во групата.

    Од друга страна, Грузијците најавија „одмазда“ за поразот на нивни терен во минатиот циклус, во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди на Европското првенство 2020.

    На последната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски истакна дека внимателно е следена играта на денешниот противник, особено по нивната убедлива победа над Бугарија.

    – Грузија има одлични индивидуалци, со Бугарија го покажаа тоа, но секој натпревар е приказна за себе и ќе видиме што ќе биде на дуелот кој ни следи. Претходниот меч кој го игравме со Грузија за мене нема никаква конекција и не би се навраќал со тоа. Околу тимот на противникот и како тим и индивидуално имаат квалитет, кој, ако дозволите, може да преовлада, но тоа ќе зависи од нас и мислам дека Македонија ќе се прашува во овој меч за конечниот исход. Се што е поминато за нас е историја, секој нареден е најважниот. Ќе се потрудиме да бидеме подобри – изјави Милевски.

     

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img