More

    Маж уби четворица во болница па се застрела себеси

    spot_img

    Маж вооружен со пушка и пиштол вчера уби четири лица во медицинска зграда во Тулса во  Оклахома, а потоа се застрелал себеси, соопшти полицијата. Ова е најново пукање од серијата масовни престрелки кои деновиве се случија во САД, пишува Ројтерс.

     

    Полицијата пристигнала во медицинскиот центар три минути откако добила повик за пукањето во средата попладне. Снимката од еден очевидец покажува дека полицаецот веднаш извлекува пушка со висока моќност од багажникот на својот автомобил. Вооружената полиција потоа се стрчала кон медицинскиот центар Сент Френсис.

     

    Полицајците следеле звук од пукотници до вториот кат на зградата Натали, изјави за новинарите заменик-началникот на полицијата во Тулса, Ерик Далглиш. Полицајците стапиле во контакт со жртвите и со осомничениот пет минути подоцна, објаснува тој.

     

    Полицијата во Тулса соопшти дека се обидува да го утврди идентитетот на осомничениот, за кого процениле дека е на возраст меѓу 35 и 40 години, а засега нема детали за неговиот мотив.Зградата Натали содржи лекарски ординации, вклучително и ортопедски центар, рече Далглиш, додавајќи дека верува дека меѓу жртвите има вработени и пациенти.

    Полицијата во САД е на штрек откако вооружен напаѓач уби 19 деца и двајца учители во училница во Тексас минатата недела, додека полицајците чекаа надвор пред школото речиси еден час.

     

     

    Запрашан од новинарите дали полицијата ја освежила обуката или размислувала за активни стрелци по пукањето во училиште во Увалде, Тексас, Далглиш рече:

    – Мислам дека тоа веројатно ни е уште свежо во мислите.

    Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил информиран за пукањето и им понудил поддршка на државните и локалните власти во Тулса, град со околу 411.000 жители кој се наоѓа на околу 100 милји (160 километри) североисточно од главниот град Оклахома Сити.

    Инцидентот во средата во Тулса се случи по масовните престрелки кои повторно ги разгореа дебатите за контрола на оружјето. Две недели пред пукањето во Увалде, бел напаѓач уби 10 луѓе во супермаркет во населбата Блек во Бафало во Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img