More

    Мажите ги мобилизираат, жените плачат по нив

    spot_img

    На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од различни делови на Русија, на кои се гледа како мажи влегуваат во автобуси кои ќе ги однесат до командните центри на армијата.

    Придружувани се од членовите на семејството, главно сопруги и деца, кои се очајни поради неодамнешната одлука на руските власти.

     

     

    Очајот кој владее низ Русија беше очигледен и на протестите кои вчера беа организирани во различни делови на земјата. Откако Владимир Путин најави делумна мобилизација, а деталите ги откри министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Русите се побунија против одењето во војна.

     

     

    Повеќе од 1.311 лица во 38 градови беа уапсени низ Русија на протестите против мобилизацијата, соопшти руското движење за човекови права ОВД-Инфо. Тие изјавија дека меѓу нив најмалку 502 лица се уапсени во Москва и 524 лица во Санкт Петербург.

    На социјалните мрежи и на ретките опозициски медиуми во Русија беа објавени видеа на кои се гледа како полицијата апси демонстранти додека извикува слогани против Путин.

    Одлуката за делумна мобилизација предизвика панично бегство од Русија до блиските земји, но и панично барање авионски билети кои достигнаа рекордни цени.

     

     

    Дури и за летот од Москва до Белград цените на билетите вчера достигнаа меѓу 1.600 и 5.600 долари.

    Поголемиот дел од летовите на „Ер Србија“ меѓу Москва и Белград беа распродадени вчера. Според податоците на веб-страницата на оваа компанија, првите слободни термини се 25 и 26 септември, а потоа и 9 октомври.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img