More

    Мадона на сцена страсно се бакнувала со млада пејачка

    spot_img

    Поп-иконата Мадона повторно го привлече вниманието на светската јавност со своето однесување, а овој пат како повод го искористи ЛГБТ Месецот на гордоста.

    Таканаречениот Pride Month се одржува во САД во знак на немирите во Стоунвол, кои се случија кон крајот на јуни 1969 година. Во текот на овој месец се одбележуваат многу настани за да се препознае влијанието на ЛГБТ луѓето врз светот.

    Мадона тоа очигледно го сфатила сериозно, што го покажала со концертот во Њујорк, каде еден од настапите го завршила со бакнежи со 26-годишната раперка Токиша од Доминиканската Република.

    Мадона со Токиша го изведе својот хит „Hung Up“ од 2005 година, кој го зачинија со „дива“ и прилично перверзна танцова кореографија. Во моментите кога раперката клекнала пред 63-годишната Мадона, пејачката изјавила: „Тоа е тешка задача, но некој мора да ја направи“, алудирајќи на орален секс, по што си размениле жешки бакнежи.

    Токиша е музичарка која, според „Ролинг стоун“, претставува симбол на „сексуалната слобода и радикалниот феминизам“.

     

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img