More

    Мадона го прослави 64-тиот роденден на Сицилија

    spot_img

    Кралицата на попот, Мадона на 16 август го прослави својот 64-ти роденден. На почетокот на кариерата имала 35 долари во џебот и голем сон да ја освои музичката сцена.

    Благодарение на талентот, среќата и скандалите успеала во таа цел, а денес е една од најпознатите личности во светот.

    Мадона го прослави роденденот во Италија, поточно на Сицилија, а со прославата се пофали на својот инстаграм-профил.

     

    Пред својот посебен ден го прослави и роденденот на синот Роко Ричи. Пејачката сподели фотографии од прекрасно уредениот надворешен простор за да го прослави 22-риот роденден на нејзиниот син за време на викендот. Роко наполни 22 години на 11 август, а неговата мајка наполни 64 години на 16 август.

    На родендеската прослава беа нејзините шест деца, а славењето поминало во стилот на Мадона. Како што пишува „Дејли мејл“, Мадона славењето го планирала со недели однапред, а та се одржало на навистина посебно место – во палата од 18 век.

    Контроверзната пејачка не престанува да го шокира светот. Фотографиите од роденденската прослава покажуваат и како пејачката се вози во лимузина, при што се бакнува во уста со две девојки.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img