More

    Луѓето играат мајтап со Игрите во Пекинг

    spot_img

    Ски-скокалницата на Зимските олимписки игри во Пекинг се наоѓа веднаш до четири огромни бетонски кули од „нуклеарна централа“, а фотка во која тоа очигледно се гледа ги разбесни луѓето на социјалните мрежи. Луѓето зборуваат дека самиот објект е далеку од ски-терените и дека глетката на индустриски електрани со ништо не ги инспирира спортистите.

     

     

    „Искрено, што правиме ние овде?“, на Твитер напиша еден навивач.

    Сноубордерот Пол О’Брајан се согласи, велејќи дека поради овој пејзаж ниту еднаш не посакал „да си оди од планина“.

    Друг навивач сугерираше дека навидум чудното позиционирање на скокалницата има врска со „парите и корупцијата“.

    „Настрана парите и корупцијата… како Олимпискиот комитет ѝ дозволува на Кина да се извлече со поставувањето на големиот настан среде пустош на нуклеарна централа?“, напиша тој.

    Новинарот на Си-Би-Ес, Ник Старлинг, ја повтори сличната мисла кога ја ретвитна фотографијата од скокалницата во преден план на бетонските кули, пишувајќи: „Не можеш, а да не ја видиш позадината со нуклеарната централа“.

    Сепак, не беа сите толку груби со коментарите. Еден новинар рече дека луѓето што се расправаат со конкретната позадина биле „губитници“. Друг американски гледач се пошегува дека на нуклеарката треба да ѝ се завидува, а не да се презира.

    „Оваа фотографија ме прави толку лут. (И ние) треба да имаме нуклеарни реактори до нашите скијачки терени“, напиша тој покрај сликата од скокалницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img