More

    Лукашенко: Ќе му ја отсечам главата на секој што сака да го наруши мирот во земјата

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен.

    – Дали заборавивте што се случи во 2020 година или овде седат три четвртини од луѓето кои се задоволни од тоа што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори – праша Лукашенко на состанокот за обезбедување на редот и законот во земјата, пренесоа руските медиуми.

    Лукашенко на состанокот кажа и дека има „доволно сила“ и дека ќе му ја „отсече главата на секој кој денеска сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“.

    – Можеби денеска некој сака да војува, како што се случува во Украина. Подобро е да се биде далеку од војната, подобро е да ја немаме овде на нашата земја – рече белорускиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img