More

    Лоранс Бун-Амбициозно е тврдењето дека во 2030 ќе влезете во ЕУ

    spot_img

    Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Северна Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе ѝ требаат на земјава за да стане членка на ЕУ.

    На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатаму.

    – Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на Северна Македонија и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада – изјави Бун на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

    Француската државна секретарка за Европа повтори дека овде се да ѝ помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива.

    Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

    – И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Северна Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес – изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img