More

    Лозано и Некст Тајм ветуваат спектакуларен концерт во Охрид

    spot_img

    На 30-ти јули во „Антички театар“ во Охрид, спектакуларен концерт ќе одржат моментално најголемите музички имиња од нашата земја, милениците на публиката – Лозано и Некст Тајм.

    Лозано и Некст Тајм ќе одржат тричасовен концерт на кој ќе ги пеат своите најголеми хитови, а исто така се планира и изненадување за сите присутни.

    Тие ќе настапат со своите бендови, а во Охрид пристигнуваат еден ден порано со цел да се направат последните подготовки пред големиот концерт.

    Организаторите на концертот велат дека интересот е огромен и дека летово и покрај тоа што во Охрид има многу музички настани, овој концерт е еден од најпродаваните.

    – Мислам дека ова е еденствен голем концерт на македонски изведувачи ова лето во Охрид, а тоа ни беше доволно мотивација да покажеме и докажеме дека и ние имаме музички имиња кои можат да парираат на сите регионални ѕвезди кои доаѓаат кај нас нас – накусо ни изјавија организаторите.

    Инаку и Лозано и Некст Тајм оваа година настапуваат речиси насекаде низ земјата, а наскоро тие ќе ги објават и деталите за нивните турнеи преку океанот.

    Влезници за концертот на 30-ти јули на „Антички театар“ може да купите преку продажната мрежа на „www.kupikartizase.com“, како и на плоштадот во Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img