More

    Лиза Мари Присли ќе биде погребана во градината за медитација на имотот „Грејсленд“ – кој стана светилиште за обожавателите на Елвис од неговата смрт во 1977 година – во Мемфис, Тенеси

    spot_img

    Пејачката и текстописец Лиза Мари Присли ќе биде погребана во градината за медитација на имотот „Грејсленд“ – кој стана светилиште за обожавателите на Елвис од неговата смрт во 1977 година – во Мемфис, Тенеси.

     

    Таа ќе биде погребана покрај нејзиниот син Бенџамин Ки, кој си го одзеде животот во 2020 година на 27-годишна возраст.

     

    Таткото на Лиза, кралот на рокенролот Елвис Присли, како и баба ѝ и дедо ѝ, Гледис и Вернон, се исто така погребани во градината на „Грејсленд“.

    Актерката Рајли Кеоу (33) објави трогателна фотографија од детството на која позира со нејзината мајка Лиза Мари Присли, која почина пред една недела на 54-годишна возраст, откако доживеа срцев удар.

    На црно-белата фотографија, Рајли ја гледа мајка си со восхит, а таа ѝ возвраќа со блага насмевка на лицето. Најстарото дете на починатата Лиза Мари ја опишало фотографијата со едно црвено срце.

     

    Ова е првпат Рајли да се огласи по смртта на нејзината мајка, која почина во болница минатата недела, откако доживеа два срцеви застои.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img