More

    Лекарот кој случајно се нашол на местото раскажува за несреќата во Бугарија

    spot_img

    Лекарот д-р Антон Елкин, васкуларен хирург, кој случајно се нашол на местото на несреќата кога српски автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија  за „Здраво Бугарија“ вели дека била непријатна глетката на крв од повредените деца, кои инаку биле играорци од фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, пренесува Нова.

    – Потресна е глетката на деца облеани во крв од глава до пети. Некои од нив имаа само рани на главата, па пак имаше многу крв – рече докторот.

    – Апсолутно случајно се најдов таму. Веднаш застанав и се приклучив да помогнам. Додека се движевме по автопатот, два конвои одеднаш забавија. Потоа видовме превртен автобус. Прво требаше да процениме кој од повредените беше релативно стабилен, кому му беше потребна помош – додава тој.

    Од повредените десет деца, две уште се во тешка состојба. Главниот лекар од болницата „Пирогов“, Валети Дмитров не сакаше да открие детално какви операции и колку имале децата.

    Децата кои беа повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, при превртување на автобусот, вчера пристигнаа на Универзитетската детска клиника во Тиршов каде ќе продолжи нивното лекување.

    На Детската клиника вчера околу 19:45 часот пристигнале шест амбулантни возила и едно возило на Брза помош, придружувани од четири полициски возила на ротација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img