More

    Лебот поскапе за околу 10 отсто

    spot_img

    Лебот поскапе за околу 10 отсто. Утрово веднаш по симнувањето на мерката за ограничување на прехранбените производи лебот од сите производители поскапе за 10 отсто.

    Нови цени осамнаа и на другите производи кои изминатите два месеца беа замрзнати со владината одлука.

    Од денеска на сила е мерката за замрзнување на маржите на 5 отсто за трговците на големо и 10 отсто во трговијата на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

    Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици..

    Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година.  Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img