More

    Латвискиот министер за одбрана Артис Пабрикс најави повторно воведување на задолжителниот воен рок во земјата поради тензиите со соседна Русија и војната во Украина

    spot_img

    Латвискиот министер за одбрана Артис Пабрикс најави повторно воведување на задолжителниот воен рок во земјата поради тензиите со соседна Русија и војната во Украина.

    – Сегашниот воен систем на Латвија ги достигна своите граници. Во исто време, немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување – изјави Пабрикс за новинарите.

    Воениот рок треба да биде вратен во 2023 година и ќе важи само за мажите.

    Летонија се откажа од задолжителната воена служба откако влезе во НАТО. Од 2007 година, армијата на оваа балтичка земја и членка на Европската унија е составена од професионални војници и доброволци од Националната гарда кои служат во пешадија за време на викендите и со скратено работно време.

    Земјата, која има помалку од два милиони жители и се граничи со Белорусија и Русија, има 7.500 активни војници и членови на Националната гарда, поддржани од 1.500 војници на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img