More

    Лажна вест е дека Петков ќе го симне ветото, вели Петков

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека ги смета за лажни вести информациите дека сака сам да го крене ветото за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија.

    – Во последните денови се изнаслушав невистинити тврдења, дека бугарската влада има две надворешни политики и што сè не. Сакам јасно да кажам дека Бугарија има три јасни барања за да имаме напредок на темата Северна Македонија. Прво, запазување на рамковната позиција која што беше усвоена во бугарскиот парламент. Второ, вклучување на Бугарите во Северна Македонија во Уставот на Северна Македонија за да можат нивните права да бидат заштитени. Трето, да се исполнува Договорот за добрососедство. Тоа се нашите дискусии, претходно и сега, и работиме заедно да видиме дали е возможно ЕУ да биде гарант за овие три услови – изјави Петков.

    Тој ги отфрли тврдењата на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која е од партијата ИТН на Слави Трифонов, дека бугарскиот премиер на средби со европски дипломати разговарал како да се заобиколи ветото на Бугарија за Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img