More

    Лавров за варварскиот чин во кој беше убиена Дарија Дугина

    spot_img

    Нема да има милост за убијците на Дарја Дугина, убиената ќерка на еден од најистакнатите руски националистички идеолози, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    – Тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка… Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите – рече Лавров пред медиумите.

    Руските безбедносни служби ги обвинија украинските тајни служби дека го поставиле експлозивот во автомобилот на Дугина. Киев негира каква било вмешаност.

    Убиството ја шокираше Русија, во мигови кога руските власти се обидуваат да го убедат населението дека инвазијата на Украина нема негативни последици за Русите.

    Но, конфликтот станува сè повидлив последните неколку недели, со серијата експлозии на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија каде многу од жителите на земјата ги поминуваат годишните одмори.

    Дугина беше убиена во саботата при експлозија на бомба поставена во нејзиниот автомобил во близина на Москва.

    Истакнати политичари, нејзини колеги националисти и пријатели денеска се простија од Дугина.

    Нејзиниот татко Александар Дугин (60), кој со години се залага за создавање нова руска империја што ќе вклучува територии на земји како Украина, пред присутните на погребот рече дека неговата ќерка умрела за Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img