More

    Куќарките на кејот да се испразнат за 15 дена

    spot_img

    Претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, свесно ги оставил корисниците на куќарките на Кејот 13 Ноември четири години да ги користат противправно без да постои правен основ за нивно користење, соопштија денеска од Градот.

    Оттаму додаваат дека ваквата состојба, која постои од 01.02.2018 година најмалку им одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа Градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата.

    Од Градот појаснуваат дека овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, кој се продолжувал со анекс секоја наредна година. Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат. Постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

    Корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење. Во следниот период ќе се објави јавен повик на кој овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно за користење на куќарките.

    „Апелираме до сите медиуми и граѓани во своите натписи да не шират дезинформации, сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење“, се додава во соопштението на Град Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img