More

    Курц одлучил никогаш веќе да не се врати во политиката

    spot_img

    Поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц во првото интервју по повлекувањето од политичката сцена ја отфрли можноста за враќање и тоа засекогаш.

    За виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, Курц ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, што е закажано за 14 мај. Тој вели дека не се радува на лажните гласини за негово враќање во политиката, на кои не се радувал ниту во текот на неговата политичка кариера.

    – Можам целосно да го исклучам трајното враќање во политиката. Почнав да се занимавам со политика на 16 години, станав државен секретар на 24 години, а оттогаш бев во владата цели десет години. Имав доволно порции политика – рече тој.

    Курц додаде дека е среќен што може да ѝ служи на земјата и што може да работи во економијата. Тој најави дека ќе присуствува на собранието на ОВП со цел да му даде поддршка на канцеларот и лидер на партијата Карл Нехамер и неговиот нов тим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img