More

    Курти побара од министрите да му кажат по пет достигнувања

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека побарал од неговите министри да му поднесат извештај за по пет достигнувања кои ги оствариле во нивните ресори во текот на минатите 18 месеци од кога се на власт, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Курти пред новинарите во Приштина изјави дека барањето им го изнел по завршувањето на денешната владина седница, воедно барајќи од нив извештај и за прашањата во кои имало застои при нивното решавање.

    – По завршувањето на седницата на Владата побарав од министритре идната недела да изложат по четири или пет нивни достигнувања во текот на едно и пол годишното владеење. Да видиме што постигнале тие ресори, какви лоши работи спречиле – изјави Курти.

    На почетокот на денешната владина седница Курти ги наброја работите за кои смета дека ја покажуваат успешноста на неговата влада од доаѓањето на власт пред 18 месеци.

    – Идната недела се навршува година и половина од нашето демократско и прогресистичко владеење. Пресвртот кој го вршиме во правец на развојот на општеството не може да биде остварлив без владеење на правото, правна безбедност и спроведување на човековите права. Значи, за да ја заживееме вистинската демократска промена, акцентот го ставивме на редот и законот, правната предвидливост и еднаквоста – рече Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img