More

    Курти: Заедничка цел на Косово и Албанија е членство во Европската Унија

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти на осмата заедничка средба на владите на Косово и Албанија изјави дека заедничка цел е членство во Европската унија.

    На почетокот на средбата Курти рече „дека соработката меѓу двете земји во мирно време мора да го оживее ентузијазмот што постоеше за време на војната за ослободување на Косово“. Тој истакна дека оваа соработка никогаш не била поширока и поинтензивна во човечките и природните ресурси.

    „Иако извесен период имаше политички наметнати поделби, природата не знаеше за нив кога ги дистрибуираше своите развојни ресурси во регионот“, рече Курти.

    Тој оцени дека односите меѓу Косово и Албанија се доказ дека кога нема нерешени политички проблеми, успехот на односите во сите области е загарантиран.

    „Членството во ЕУ останува наша заедничка цел“, рече Курти.

    Потенцира дека со договорите што ќе се потпишат ќе им го олеснат животот на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img