More

    Курти вели дека албанскиот народ на Косово има висока национална свест

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти, на денешната промоцијата на заедничкиот буквар за првооделенците во Косово и во Албанија, изјави дека албанскиот народ знае оти „обединувањето (на двете држави) е неопходно“, јави дописникот на МИА од Приштина.

    На церемонијата по повод промоцијата на букварот, одржана во Ѓаковица, Курти изјави дека „судбината на албанското училиште е иста“ со онаа на албанскиот народ и изрази задоволство поради тоа што „една нова албанска генерација го започнува патот на знаењето со еден буквар“.

    – Нашиот народ знае дека обединувањето е неопходно за севкупното добро на нацијата, за неговото чекорење напред. Како и во разни историски периоди, кога нашите водачи се обединија и го изградија преминот од силното идентитетско чувство кон високата национална свест, ние сме тие кои сега треба да го продолжиме заживувањето на политичката идеја… со заеднички едукативни и образовни активности – изјави Курти.

    Министерките за образование на Косово и Албанија, Арберие Нагавци и Евис Куши, минатиот декември во Приштина потпишаа договор за изготвување заеднички буквар, за што беше формирана работна група со експерти од двете држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img