More

    Кумашините од МПЦ-ОА чекаат абер од кумот Вартоломеј

    spot_img

    Помина скоро една недела од историското педесетничко заедничко богослужење на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград, а на нашите владици очигледно сѐ уште не им е дозволено да му соопштат на македонскиот верен народ кон која насока течат преговорите што се водат помеѓу Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Вселенската патријаршија во поглед на добивањето Томос за автокефалност, како и за сите жртви што би требало ние да ги принесеме во име на долгоочекуваниот автокефален статус.

    Во јавноста почнаа да се шират сериозни гласини дека вселенскиот патријарх Вартоломеј, наводно, не сака да отстапи од условот МПЦ-ОА да го промени името на црквата, односно да ја отстрани придавката „македонска“, ако сака да добие Томос за автокефалност.

    Вие можете да ме прашувате што и да сакате, ама јас нема ништо да ви кажам.

    Владика ТимотејПортпарол на Синодот на МПЦ-ОА

    Цариград, небаре е кум на новороденче, дури и смислил два предлога за име на црквата од Македонија. Првото име кое циркулира како најсериозен предлог е „Охридска архиепископија“, а второто име, пак, кое неодамна го објави и влијателниот портал „Ромфеа“, гласи: „Скопска архиепископија“.

    За да бидеме на чисто и да провериме дали можеби има вистина во шпекулациите, Плусинфо денеска побара одговори од митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, кој исто така беше дел од црковната делегација која присуствуваше на заедничката литургија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград.

    – Се случи тоа што се случи во Цариград, па сега не ни останува ништо друго освен да чекаме. Не знам колку време ќе биде потребно да чекаме, бидејќи не постојат рокови. Името на црквата нема да се менува и ние ќе си останеме да се викаме онака како што се викаме – ни рече владиката со прилично несигурен и треперлив глас, за во истиот момент да го обземе лутина и со строг тон да ни рече дека бадијала го прашуваме, оти не смее ништо друго да ни каже.

    Но, има ли вистина во тоа дека Вселенската патријаршија нѐ условува да го промениме името на МПЦ-ОА во „Охридска архиепископија“ или во „Скопска архиепископија“, го прашавме владиката.

    – Ама сега ви кажав тоа што ви кажав. Едноставно, не сакам повеќе да зборувам. Вие можете да ме прашувате што и да сакате, ама јас нема ништо да ви кажам – ни одговори г. Тимотеј.

    Српскиот верски аналитичар Жељко Ињац неодамна изјави дека Вселенската патријаршија ќе се обиде да ја потчини македонската црква, како што тоа го направи со расколничката црква во Украина, давајќи ѝ еден вид полуавтокефалност со создавање црква што повеќе личи на парохија отколку на локална црква, за да ги оправда своите неопапистички претензии.

    – Сега во МПЦ-ОА мора да бидат мудри да не се согласат на уцени и на какви било услови во однос на името, јурисдикцијата или Томос, без разлика кој ќе го додели – порачува Ињац.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img